Се чистат дивите депонии на влезовите во градот, од градежен шут

Петар Печков

На неколку локации во околина на Велес, се изведува акцијата за чистење  на дивите депонии. Таа се изведува согласно Програмата за управување со отпад за 2020 година, донесена од Советот на  Општина Велес. По претходно спроведена тендерска постапка и избор на економски оператор, акцијата започна на  21 април и се реализира во следните десетина дена. Планирано е да  се изврши чистење на пристапниот  пат кон населба Дурутовец, излезот од Велес кон Скопје и влезот во Велес од Штип.

Општина Велес има определена локација за депонирање на земја, шут и друг отпаден градежен материјал, но поради несовесното однесување на дел од жителите, кои го депонираат шутот и останатиот градежен материјал од сопствени градежни активности на несоодветни локации,  со тоа ја загрозуваат животната средина и го нарушуваат визуелниот изглед на просторот, посебно на локациите кои оставаат прв впечаток за градот - велат од локалната власт. 

Од таму додаваат дека бројот на диви депонии од година во година се намалува, а со оваа активност за расчистување се очекува да бидат собрани и транспортирани до соодветна депонија околу 1250 м3 отпад. .  Општина Велес упатува апел до граѓаните за совесно и општествено одговорно однесување на сите кон градежниот шут и животната средина.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати