Синоќа воз прегази мигрант кај Ногаевци

Петар Печков

Вчеравечер патничкиот воз кој сообраќа од Гевгелија за Скопје, удрил по мигрант кој се движел по пругата. Лицето почнало на лице место. Неговиот сопатник минал без повреди и е пренесен во Прифатен центар.  

Четвртокот  19-то септември  во 18.40 часот,  патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, во близина на село Ногаевци, удрил во едно лице кое починало на местото. По преземени мерки и пронајдени документи било утврдено дека станува збор за А.И.(23) од Пакистан. Со него бил и Р.М.(30) од Пакистан, кој бил предаден на полициски службеници и бил во Прифатниот центар за странци - Гази Баба во Скопје -информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.   

Поради инцидентот, железничкиот сообраќај од Велес за Гевгелија и обратно беше во прекин 3,5 час.         

На 19-ти јуни годинава, мигрант исто така од Пакистан загина по струен удар, кога се качил на товарниот вагон, на железничка станица  Миравци, на воз кој патувал за Велес.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати