Скопски ФК Вардар колку и да е слаб, победува во Велес

Петар Печков

Градски стадион Зоран Паунов

главен судија: Марјан Маркосики (Охрид)

стрелци:  : Попзлатанов 79`,  Цветановски 90` (ФК Вардар)

БОРЕЦ: Мустафа. Ф. Ристовски, Стоименовски, Стојчевски, Коцев, Прелчец, М. Ристовски, Ефтимов , Десниќ, Н. Ристески, Пеев  играа и Радовиќ, Ѓорѓиев, Митров, 

ВАРДАР: Илиќ, Велковски, Радуловиќ – Величковиќ, Мицевски, Цветановски, Лазаревиќ, Попзлатанов, Чарлстон, Мирчевски, Петровиќ, Најденов играа и Мартинага, Петковски 

Картони: жолт -  М. Ристовски, Н. Ристески ( ФК Борец), Чарлстон (ФК Вардар)

Шампионот ФК Вардар останува нерешена енигма за  ФК Борец на Градски во Велес. Последен пат е совладан далечната 1999-та. Иако денес велешките фудбалери, според пласманот на табелата, резултатите, стартната победа во август во Скопје,  беа фаворити, тоа не го покажаа на дело. Имаа шанси, но немаа гол играч,  но без реализација,  Марјан Ристовски ја погоди  стативата на Вардар во 63-та минута. Шанси имаа и гостите, но тие постигнаа два гола преку  Попзлатанов во  79` и  Цветановски  во   судиското продолжение во 91-ва минута. Така по ланската победа на Градски, истата слика се повтори и годинава, и шампионот единствен од прволигашите  се радува во Велес.  По оваа победа од 12-тото коло, прво од вториот круг,  и трите бода, ФК  Вардар има 16 а ФК Борец остана ан 19. Останатите средби се играат, утре  в недела.  

Денес  првенствен натпревар од 15-тото коло, одиграа и фудбалерките на ЖФК Борец. Тие тесно загубија 1:2 од екипата на ФК Истатов од Дојран. Средбата се играше на игралиштето во Превалец. Со ова заврши есенскиот дел од првенството а велешанки по 15 кола се најдоа на 1-то место со 13 бода а ФК Истатов освои 21 бод. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати