Скромна финансиска поддршка од државата, за културата во Велес во 2019-та

Петар Печков

Министерството за култура ја објави годишната програма за 2019-та, што тоа ќе финансира. Познато е и што ќе помогне од културни настани во Велес. Може да се забаележи дека ги нема  фестивалот на античка драма ,,Стоби,, ,Фестивалот на фолклорни ансамбли Велес а Рациновисте средби се  поддржани со скромни 105 илјади денари.  Ова се должи на тоа што Општина Велес согласно новите критериуми на Министерството за култура не можела да аплицира на конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес. Нема средства ниту за Стрип Фестивалот,  јубилејниот концерт на КУД Керамичар. 

Еве ја листата на тоа што финансиски ќе помогне државата од областа на културата во 2019-та. 

Министерството за култура со годишната програма за 2019-та, ќе финансира три театарски премиери, колку што помагаше и претходните години. Со пари од Министерството ќе бидат поставени претставите :  Злосторство на 21 век“ - автор Едвард Бонд, режија Владимир Милчин,  Вонземјани“ - автор Родерик Стјуарт, режија Скот Џонстон и „Арапска ноќ“ - автор Ролнад Шимелфенинг, режија Александар Ивановски.

На Народниот музеј од Велес ќе бидат финансирани две ликовни изложби на Новица Траковски и  Дејан Божиновски

Фондацијата Фокус годинава се јавува како организатор на Меѓународна скулпторска колонија Велес 2019 и таа ќе биде финансиски поддржана од државата. 

Ретроспективна изложба - одбележување на јубилејот 50 години творештво Војко Јаневски Министерството за култура финансиски ќе ја поддржи. 

Финансиски е поддржана  Стрип работилницата на Стрип Центарот на Македонија Стрип -училиште - Стрипот во интеркултурна едукативна мисија“.

Градската библиотека доби 35 илјади денари, средства за издвање на аудио книги наменети за слепите лица. 

Финансиски се поддржани и проекти на НУ Стоби: Реализација на Основен проект за конзервација на метални предмети од збирката на НУ Стоби со археолошките ископувања од 2009 до 2012 година; Изработка на Основен проект за конзервација на метален археолошки материајл од археолошките ископувања во Стоби во периодот од 2013 до 2018 година; Проект за археолошки истражувања на Западната Некропола во Стоби. Тука се и:  Археолошки достражувања и конзервација на фрескоживописот во Старата епископска базилика во Стоби, Замена на покривот на крстилницата на епископската базилика во Стоби, Конзервација, реставрација и реконструкција и археолошки доистражувања на објектот Римски тетар во Стоби.

Министерството за култура ќе поддржи и два проекти на Народниот музеј од Велес: Археолошко истражување на локалитетот Кале/ Градиште - Згрополци и каталог водич за Спомен костурница на загинатите борци во НОВ од Велес и Велешко.  

Проектите на Конзерваторискиот центар од Скопје кои се однесуваат на Велес, два од нив се поддржани. Проект за конзервација и реставрација на иконописот од поствизантискиот период (16-18 век) во регионот на Велес.

Проект за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство на манастирската црква „Свети  Димитрија“, Под Кале, Велес. 

Стрип издаваштвото на Стрип центарот на Македонија  ќе биде финансирано со издавање на неколку стрип изданија:  „Кирил и Методиј“ од Миле Топуз, 1990-1999 визуелна хроника на македонскиот стрип“ од Александар Стеванов, „РЕКВИЕМ“ од Марко Стојановиќ, „Итар Пејо“ 3 дел од Диме Иванов Димано и „Хавана, САД“ од Гани Јакупи (на македонски и албански јазик.)

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

  • да
  • не
Резултати