Сметот во Велес ќе се собира дење, наместо ноќе

Петар Печков

Собирањето на сметот, наместо во ноќните часови ќе се врши преку ден. Ова беше предлог кој до Советот го достави ЈКП Дерен а беше прифатен со мнозинство гласови.  Но имаше долга дискусија дали ова е исправна одлука .ЈКП Дерен новината ја побарал по утврдени недостатоци на ноќното собирање на смет. 

„Нема да се исфрли ноќното собирање од централното градско подрачје, туку се воведува само денски во другите улици од градот.   Лани за штета на возила при ноќното собирање ЈКП Дервен платил 92 илјади денари.  Во ноќните часови возилата се паркирани по тесните улици, па мораме да бараме помош од полиција, да ги буди граѓаните да ги поместуваат колите, за да може нашите возила да минат и го соберат сметот.  Дневното собирање е така планирано, според предвидувањата кога граѓаните се на работа или излезени од дома.  Сите градови во светот работат со дневно собирање, само во Македонија се собира ноќе. Дури работиме на апликација, која граѓаните ако ја преземат, ќе бидат информирани дека за одредено време, возилото ќе биде пред нивната куќа и тогаш да го фрлал сметот“- кажа директорот Горан Наунчев.  

„Со враќањето на дневниот режим на собирање на сметот постојниот сообраќаен хаосот во градот, уште повеќе ќе се зголеми.  Колку авто-школи обучуваат низ градот, возила на ЈКП Дервен за собирање на смет и тек како ќе имаме метеж по улиците. Во лето на +40 ни малку не е пријатно да се собира сметот дење, ќе мириса сметот“’ - кажа Пандорка Прличкова од СДСМ. 

„Треба да најдете некој комбиниран начин на собирање на смет, некаде денски, некаде ноќно. Вие најдобро знаете како има повеќе гужва дење, каде ноќе. Решението е комбиниран пристап за секој дел од градот  различно“- кажа Димитар Абрашев од Левица.   

 „Не се согласувам дека дење нема да има застои. Сите сме сведоци кога на тесните велешки улици две возила преку ден не може да се разминат, застои имаме секојдневно и без возилата за смет. Дали е ова вистинското  решение“ - вели Катерина Ефтимова од СДСМ. 

Забелешките дека со денското собирање на сметот, ќе го почувствуваат вработените во РЕ Комунална хигиена, кој ќе останат без додатни финансии  за ноќна смена, директорот Наунчев рече дека е разговарано со вработените и тие биле за денско собирање.  

Ноќното собирање на сметот беше воведено  во април 2012-тата година, по барање на ЈКП Дервен, по добрите резултати од  пробно собирање на сметот во централното градско подрачје. Образложението беше  во пракса  се покажало  дека со оваа  новина се намалува застојот во сообраќајот кој се создавал поради големината на возилото за собирање на смет.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати