Снешка смешка и Тео текнувало го спасуваат Дедо Мраз

Петар Печков

Велешки театар со пригодна новогодишна детска претстава. Веќе неколку дена на репертоарот е „Снешка смешка и Тео текнувало го спасуваат дедо мраз,,. Режијата и адаптацијата на текстот е на Ненад Витанов. Ова е театарска продукција која е наменета за деца на возраст од 4 до 12 години и е од сопствени средства на велешкиот театар.

Во претставата настапуваат актерите: Талија Настова како Снешка Смешка, Фаик Мефаиловски  во улога на Тео Текнувало и  на Дедо Мраз и  Жарко Спасовски – Принцот Мраско. 

Режисерот Ненад Витанов  е раскажувачот (наратор). Претставата се игра за децата од училиштата и градинките. Сабота од 18ч. претставата ќе биде со билети за сите останати заинтересирани.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати