Советот на Рациновите средби разочаран од добиените средства за организација на манифестацијата

Петар Печков

Советот на Рациновите средби изрази згриженост од распределбата на средства по Годишната програма на Министерството за култура. Со неа Клубот на пистели ,,Коста Солев,, од Велес, како организатор, доби 105 илјади денари. Сметаат дека нивото на финансиска поддршка е израз на почит кон Рацин и неговото творештво.   

Особено сме разочарани од фактот што „Рациновите средби“ кои беа и мора и понатаму да бидат една од трите врвни културни манифестации во Македонија заедно со „Струшките вечери на поезијата“ и „Охридско културно лето“, оваа година добија само 105.000 денари. За споредба  поетскиот караван „Литературни искри“ издвоени се 136.000 денари, за „Карадачки поетски средби“ -200.000 денари, за литературната манифестација „Илинден“ -200.000 денари, за „Скопје чита“-150.000 денари, за „Поетски средби на Шара“-200.000 денари, за „Струшките вечери на поезијата“ 10.457.150 денари, а за „Рациновите средби“, само 105.000 денари - стои во писмената реакција, потпишана меѓу другото и од проф. д-р Људмил Спасов,  проф. др. Кристина Николовска и мр Гоце Ристовски. 

Тие бараат да се преиспита одлуката со која се одобрени како што велат минимални  105 илјади денари, бидејќи преку меѓународната поетска манифестација треба соодветно да се одбележи и чествува делото на основоположникот на современата  македонска поезија Коста Солев Рацин.    

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

  • да
  • не
Резултати