Советот со нов член, Злате Малинов од СДСМ

Петар Печков

 
На вчерашната седница на Советот на Општина Велес, 65-та по ред беше верификуван мандатот на нов член. Тоа е Злате Малинов, кој доаѓа од листата на  коалицијата на СДСМ од локалните избори од 2017-а година.

Тој доаѓа на местото од Стево Крстевски, кој по заминувањето на директорската позиција, во Фондот за здравство во Скопје, мораше да ја напушти советничката позиција. 

Ова  е трета ротација во советничките редови на СДСМ годинава во велешкиот совет.  Претходно нови советници станаа Аљуш Ахмет и Зоран Ѓуровски, по оставката на Душко Петров и Ненад Коциќ кој стана член на републичкиот Собрание.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати