Содржините со кои ќе се одбележи годишнината од смртта на Коста Солев Рацин

Петар Печков

Чествувањето на делото на поетот и револуционер Коста Солев Рацин, годинава родниот град Велес и локалната власт, ќе му оддадат почит со повеќе содржини и настани. Освен традиционалните Рацинови средби, кои ќе се одржат по 59 пат на 14 и 15 јуни, предвидени се и други содржини а целиот период на чествување опфаќа период од една седмица.

Започнува в четврток на 9-ти јуни со ултра маратонот кој ќе стартува од Велес а учесниците ќе трчаат до Лопушник. Маратонот трае неколку дена.  В недела е планинарскиот марш до местото на погибјето ан Рацин, на планината Лопушник.  
Недела попладне и вечер, 12 јуни ќе се одржи вечерна трка на 5 и д10 км. Ќе се трча  кружно, по улиците Благој Ѓорев и Алексо Демниевски Бауман.
 На 13 јуни, денот кога е застрелан Рацин, делегација на Општина Велес ќе положи цвеќе на гробот на Рацин на Лопушник. Во вечерните часови во 20ч. на сцената на велешки театар ќе се одржи настан „Елегија во пет здива“.  

Вторник 14 јуни  и среда 15 јуни сите настани се во рамките на „Рациновите средби“. Во  11.00 ч. е симпозиумот „Беседи за Рацин“и„Јазикот кај авторите од Велес и велешко“ кој ќе се одржи во велешки театар.  Во попладневните часови  18 ч. е  „Знамињата на слободата“ – поетски перформанс во чест на Рацин. во Спомен Костурницата.  Во 19 ч. е „Стихови што вечно траат“ – љубовната поезија на Рацин пред неговиот споменик во центарот на градот. За 20 ч е предвидено  „Рацин – денес и утре“ –беседа за современото значење на Рацин, место на случување споменик на Кочо Рацин во дворот на Гимназијата. Во  21 ч е отворањето на манифестацијата 59 Рацинови средби, со врачување на наградите, кое е предвидено да биде во велешки театар.

За среда 15 јуни во програмата на Рациновите средби се: 12 ч „Македонскиот јазик и култура – предизвици и перспективи“ Дебата за предизвиците и перспективите со кои се соочува македонскиот јазик и култура. Место: Ликовен салон Велес/Театар Велес. Во 15ч „Наши автори“ – промоција на дела од велешки автори. 17„На гости кај Рацин“ – посета на куќата на Рацин. Читање на поезија и музичко-сценска програма.

Во 21 ч е затворање на 59 Рацинови средби, со „Поетски митинг“ на домашни и странски автори пред велешката публика и  Концерт на групата Некст Тајм. Место Амфитеатар Младински парк Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати