Сообраќајка, тешко повреден пешак

Петар Печков

Четвртокот на пладне во Велес се случила сообраќајна незгода, во која тешко е повреден пешак. Нема информација каде, на обележан пешачки премин или не, повредениот ја минувал улицата

На 21-ви ноември  во 12.20 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко моторно возило „фиат пунто“, со велешки регистарски ознаки, управувано Н.Д.(67) од Велес, удрило во пешакот П.Б.(86) од Велес. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош - информираше МВР.  Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

 Од ЈЗУ Општа Болница Велес информираа дека повредниот имал скршеница на натколеница на левата нога и е здржан на лекување на ортопедија.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

  • да
  • не
  • можеше и подобро
Резултати