Сообраќајка кај Градско, загина гостиварец

Петар Печков

Неделата наутро  во 4 часот на автопатот Градско- Велес,  во сообраќајка загина гостиварец, Емре Е.  Еден од патниците е  полесно повреден, девојката   потешко.    Тие се враќале од забава во Хотелот ,,Принцес,, во Гевгелија.  Шоферот минал без гребнатина.

Сообраќајката се случила   на околу 500 метри после наплатната станица Градско. Автомобил  „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Л.И.(26 год), изгубил контрола на движењето, преминал на левата страна на коловозот и се превртел. Во возилото како сопатници биле лицата Е. Е.(24 год) од Гостивар, кој починал на место на настанот, додека А.О.(20 год ) од Гостивар и Н.Ц.( 23 год) од Скопје  се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Велес – информираа од МВР.

Во велешката болница на  хирургија биле донесени две лица, едното по негово барање со полесни повреди,  откако бил згрижен и лекарски третиран, претпладнево  бил пуштен дома, додека девојката Н.Ц.  поради тежината на повредите, повеќекратни скршеници,  е префрлена во  Болницата 8-ми септември  во Скопје.   

Момчето кое починало седело на предното со возачко седиште, девојката  која е тешко  повредена зад него, додека двете момчиња кои биле од левата страна на возилото, минале со мали повреди или неповредени -возачот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати