Сообраќајка на патот Градско - Прилеп, со еден починат

Петар Печков

Неделата претпладне на магистралниот пат Градско -Прилеп се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале две возила.  Во несреќата има еден починат и петмина повредени. Учествувало и возило -џип кое е управувано од велешанец, четворицата велешани минале со лесни телесни повреди.

На 11.08.2019 во 08,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско -Прилеп, кај село Дебриште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(34), од с. Острец- битолско и патничко моторно возило „Ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Г.(30) од Велес. Во незгодата починал сопатникот од возилото “Голф“ Б.Д.(36). Со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Д., додека возачот О.Г. и тројца сопатници од двете возила се здобиле со телесни повреди- информираа од МВР.

Со информација излезе и Јавното обвинителство. 

Според првичните сознанија, несреќата се случила при судар на автомобил „Фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки и џип „Ланд Ровер“ со велешки регистарски ознаки. Во несреќата животот го загубил еден од патниците во голфот, додека еден е потешко и еден полесно повреден. Со полесни повреди се здобиле и тројцата патници во џипот - информираа од ОЈО Кавадарци.

По наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, а земени се примероци за испитување на присуство на алкохол во крв и урина на возачите на двата автомобили. Со цел утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издал наредба за сообраќајно -техничко вештачење на возилата.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

  • да
  • не
  • можеше и подобро
Резултати