Сообраќајка на патот кон Шорка

Петар Печков

Утрово,  1-ви .јуни 2018 г. околу 07.15 часoт во Велес на ул „Вардарска“  близу до управата на ЈВП Лисиче, дојдено е до сообраќајна незгода помеѓу два автомобили. Според сведоците два автомобили возеле во правец од Башино село кон Велес, напоредно на двете коловозни ленти, кога едниот удрил во автомобил кој од Велес доаѓал кон Шорка. 

Во сообраќајката учествувале автомбил  марка „Ауди А4“ со велешки регистарски броеви управувано од Г.Е. (44 год) од Велес и автомобил  марка „Застава  Југо Корал 45“ со велешки регистарски броеви управувано од З.Д. (29 год) од Башино Село . Во незгодата се повредени возачот и сопaтниците од „Ауди“ –М.Е.(46) од Велес, А.А.(28 год ) од Велес и Д.М.(31 год) од  с Оморани - општина Чашка и сопатничката од „Застава Југо Корал 45“  Р.Д.(54 год ) од  Башино Село. Лицата со возило на Итна медицинска помош - Велес се пренесени во ЈЗУ Општа Болница Велес каде по изввршениот преглед и укажаната помош сите се пуштени домашно лекување - пишува во писмената информација на СВР Велес. 

Увид на местото на настанот извршила увидна  екипа од СВР Велес по што ќе бидат познати причините на незгодата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати