Сообраќајка со тројца повредени пак на крстосница кај бензинската на Црна река

Петар Печков

Вчера  вторник, напладне, повторно сообраќајка на крстосницата од улиците АСНОМ И Андон Шурков. Три лица биле повредени и пуштени дома, четвртото се јавило на преглед по 24 часа. За сообраќајката информираше МВР.

 Вчера, во 11.20 часот на крстосницата од ул. „АСНОМ“ и ул. „Андон Шурков“дошло до судир помеѓу патничко возило „Фолксваген Поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.А.(22) од Градско и патничко возило „Фиат Стило“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Т.(30) од Велес. Од судирот со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „Фолксваген Поло“, Ѓ.Д. (23) од Градско, а со телесни повреди се здобил возачот А.Т. и сопатничката А.Т.(35) од истото возило. Тие биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување на лекарска помош - пишува во соопштението на МВР.

Од ЈЗУ Општа Болница Велес портпаролот Марина Андова информираше дека по извршените прегледи и рентгенски снимања,  сите три лица се пуштени на домашно лекување, а додека попладнево четврто лице, кое кажало дека  учествувало во сообраќајката побарало лекарска помош и тоа се наоѓа на преглед на хируршкото одделение.     

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес, по што ќе се знаат причинети за сообраќајката.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати