Сообраќајка на автопат, учестувале четири автомобили

Петар Печков

На 17.07.2017 година околу 08,20 часот на магистралниот пат А1 с.Удово-Гевгелија, во близина на м.в.„Марвинска клучка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички возила „Фиат“ со српски регистарски ознаки управувано од Р.Д.(68) од Белград-Р.Србија, „Опел Астра“ со велешки регистарски ознаки управувано од Ѓ.С.(41) од Гевгелија, „Рено Кадјар“ со фински регистарски ознаки управувано од М.Е.Ј.(68) од Лахти-Финска и „Шкода Октавија“ со романски регистарски ознаки управувано од П.С.Ц.(37) од Бихор-Р.Романија.

Во сообраќајната незгода со телесни повреди се здобиле Р.Д., М.С.(69) -сопатник во возилото „Опел Астра“ и Х.М. (67) -  сопатник во возилото „Рено Кадјар“, кои по извршените лекарски прегледи се пуштени на домашно лекување.

По овластување на јавен обвинител од ОЈО Гевгелија увид на лице место извршила екипа од ПС ОН Валандово. Од 08,20 до 11,45 часот, за време на увидот, подигањето на возилата и чистење на  коловозот, сообраќајот на магистралниот пат А1 бил во прекин

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати