Сообраќајната полиција казнила 27 мотористи

Петар Печков

Во Велес кај 27 мотористи констатирани се сообраќајни прекршоци, по различни основи, соопшти МВР. Контролата траела седум часа, петокот вечер до саботата ноќта.

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес во периодот од 18 часот на 18.09. до 3 часот на 19.09.2020 на територијата на Велес спроведоа акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли. Притоа санкционирани се 27 возачи на мотоцикли кај кои се констатирани низа прекршоци.  Истовремено, откриени се и законски санкционирани и 18 други прекршоци- соопштија од МВР.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати