Сопственикот на депонијата со згура, ја доби ,,Б,, еколошката дозвола, транспортот ќе започне до крајот на годината

Петар Печков

Компанијата ,,Кепс моунт груп,, ја доби ,,Б,,  еколошката  дозвола со која може да ја дислоцира троската од згура, резултат на 30 годишната работа на Топилницата. Инвеститорот кажа дека во тек се подготвителни работи а најрано првите камиони товарени со згура, може да тргнат кон крајот на годинава.  Планирано е експлоатацијата да трае најмалку  четири години.  Така, за прв пат ќе се реши, една од десетте еколошки жешки точки во земјава, 

Еколошките  аспекти на ископот, товарењето, транспортот, експлоатацијата на суровината, се целосно  запазени. Заради тоа и доста време изгубивме во овие административни обврски. Со ова целосно се затвора еколошкиот проблем во однос на депонијата. Не е само да експлоатираме или печалиме. Ова е прво решавање на една еколошки жешка точка во Македонија, што е голем предизвик  за нас- кажа Љупчо Аврамовски  советник од ,,Енвиро ресурси,, вклучен во добивањето на дозволата за ,,Кепс моунт груп,,. 

Депонијата во зависност од серијата на рудата која влегла за топење во Топилницата, технологијата кога е користена  и искористеноста, се движи  од 6 до 10 % цинк, олово од 2,2 до 3,4%, железен оксид 25% и теи биле економски исплатливи за експлоатација.  Има и  арсен и кадмиум, кои се опасни и токсични елементи, но од инвеститорот велат  со скромно присуство  околу 0,01 отсто и тие не биле слободни туку врзани со други елементи, па не претставувале опасност по здравјето на жителите на Велес. 

Со водена завеса ќе се елиминира прашина која ќе се создава од работата на депонијата.  Згора  ќе се врши мерења на ПМ 10 и оловото во воздухот, ако мерењата покажат дека и покрај водената завеса , има поголеми концентрации на честички, ќе се престане со работа - дополни Аврамовски.  Кепс моунт груп има обврска и по завршувањето на отстранувањето на депонијата, да изврши чистење на почвата. 

Кога ќе завршат со експлоатацијата на суровината, се ископува земјата на длабочина до  300 мм, таа се отстранува и се става нова  300 мм хумус. Се засадува трева или маслодајна репка, согласно препораките на професори на Земјоделски факултет од Скопје.  Овој процес на ремедијација на почвата ќе трае 12 месеци.    

Многу лошо е извршено депонирањето на згурата. Немало план, туку кој како стигнел истурал отпад таму. Има висок степен на косина, кој поради трусното подрачје може да го прегради Вардар, кој е на 300 метри и да создаде езеро и поплави луѓе, имот, објекти - предупредува  Ранко Шчекиќ дипл. машински инг. од Кепс Монт груп.  

Тие досега работеле на слични проекти, во два наврати во Србија и во Албанија и тврдат  дека имаа искуство во оваа дејност.   Превозот на згурата, од Велес до Солунското пристаниште,  ќе бил еколошки, по европски стандарди, исклучиво со камиони ,,кесон,, кои за почеток ќе возат по два на час а потоа по четири. Нивната носивост е 45 тони.

После долги   работи на обезбедување на еколошка дозвола, таа е добиена  и почнавме со подготвителни работи. Активно, со превоз на згурата ќе почнеме за два до три месеци, откако ќе се  инсталираат сите потребни машини и опрема за експлоатација, во согласност со добиената  ,,Б,, дозвола. Имаме проблем  кој ни ја отежнува работата. Освен згура има и комунален отпад, отпад од животинско потекло -мрши, градежен шут, индустриски отпад, што ќе одземе време. На дислокација на згурата ќе се работи само механички, нема топење, нема користење киселини. Ова е последен момент да се реши оваа депонија, бидејќи земји кои ја купуваат згурата, има помалку од прстите на една рака   -  додаде Шчекиќ.   

Објасни дека вредноста на материјалот во згурата  е 20 пати помал отколку транспортот. Превозот од Велес до Малезија бил  80 долар по тон. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати