Со голот на Прелчец, ФК Борец освои три бода во дербито на дното

Петар Печков

судија Михајловски Скопје 

Градски стадион Зоран Паунов Велес

стрелец -Прелчец 5  мин. 

ФК Борец 1919: Мустафа, Пеев, Стојковски (ж), Ѓоргиев (ж), Прелчец, Николовски, Абаз, Ефтимов, Гавриќ, Трајков (ж), Ристовски (ж)   играа и Блажевски, Лазаревиќ, Коцев

ФК Ренова: Велии, Фетаи, Адеми, Гафури, Кадриу, Миовски, Мишковски, Садики, Селмани, Велија, Зука   играа и Селмани и Миовски

Со голот на хрватскиот интернационалец Никола Прелчец постигнат уште во 5-тата минута, велешкиот прволигаш ФК Борец стигна до победа и три бода, со кој го зголеми скромното бодовно салдо и се искачи на 8-то место на табелата на Првата лига.

Велешани против тетовскиот прволигаш можеа да поведат и една минута порани кога стрелецот Прелчец сам пред гостинскиот голман не беше прецизен, биеше покрај голот. Во финишот  повторно Прелчец во 83-тата минута имаше, гол шанса но ја промаши топката. Гостите со скромен учинок и заслужени три бода за велешани. 

Во следното последно коло ФК Борец 1919 гостува во Струга на ФК Струга ТМ која е шеста со 23 бода и можност да се поправи слабиот учинок на гостувањата, без ниту еден освоен бод. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати