Со мопед ,,томос,, удрена жена, таа се здоби со скршеници

Петар Печков

Петокот на пладне со сообраќајна незгода, жена откако била удрена со мопед, заврши во болница со тешки телсни повреди. Сведоците велат дека глетката била лоша оти пазарлакот од жената која го носела, бил растурен по улица.  МВР денес информираше за настанот.

На 04.05.2018 година во 12,30 часот во Велес на улица “Борис Трајковски“ мопед „Томос“ со велешки регистерски таблици управувано од  З.Д.(30) удрил во пешакот У.В.(68) од Велес. Во незгодата У.В. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Општата болница во Велес. За настанот бил известен Јавен обвинител. Извршен е увид на местото на настанот, се работи на целосно расчистување на случајот.

Од ЈЗУ Општа Болнци Велес портпаролот Марина Андова информираше дека кај нив околу 13 ч. била донесена пацинетка, кај која се евидентирани фрактури на горните екстремитети и е задржана на лекување на ортопедија.

Полицијата информира и за исчезнување на велешанец,кој заминал во Скопје во Болница и не е вратен дома по 10 дена.

На 04.05.2018 година во 09,30 часот во СВР Велес, А.Д.(67) пријавил дека на 26.04.2018 година неговиот син Б.А.(45), кој заминал во Скопје во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за да прими терапија до денот на пријавување не се вратил. Полицијата   презема мерки за пронаоѓање на лицето- пишува во информацијата на МВР. 

 

loading...

Поврзани »

Мирна новогодишна ноќ
loading...

Ронтис вработува оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство



АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

2018-та е зад нас. Како ќе ја помните?

  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши моменти
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • што поскоро да ја заборавам
  • постар сум за една година
Резултати