Со октомври дојде и загадувањето на воздухот

Петар Печков

Од почетокот на месец октомври велешани дишат воздух кој има повисоки вредности  на сулфурвоксид и  суспендирани честички ПМ 10.  И тоа во утринските часови од 8 до 10 часот. Дури прашината или суспендираните честички ПМ 10 биле блиску до границата на максимално дозволените вредности од 50 микрограма на метар кубен. Вторникот, средата и четвртокот тие се движеле блиску до овие вредности.  Вредностите на сулфурдвеоксидот биле високи во средата но подалеку од максималните вредности.  

Какви се влијанијата на супсендираните честички врз човековото здравје?

Малите вдишливи честички може да бидат едни од најштетните загадувачки супстанци во воздухот, кои може да продрат  длабоко во респираторниот систем на луѓето. Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број извори.  

Загадувањето со суспендирани честички е од различни извори, најчесто  и доминантно е загревањето на домовите,  од сообраќајот, несоодветно согорување на горивото, и од   градежната индустрија – вели Билјана  Манаскова Шуркова, општински еколошки инспектор.

Суспендираните честички се јавуваат при загревање на домовите, за згревање на домаќинства кога се користи  отпадно масло, пет амбалажа, лакирани или обоени делови од мебел.

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com