Со победи на трите велешки лигаши заврши првенството од Третата фудбалска лига Југ

Петар Печков

Заврши есенскиот дел од првенството на Трета фудбалска лига Југ. Во последното коло сите три велешки екипи победија, што не се случи во изминатите  12 кола.  

Гемиџии во натпревар каде беа постигнати дури 11 гола, славеше со 7:4, против  Партизан од  прилепско  Крушеане, сосед на табелата.  

Превалец исто така дома победи со 3:0 против последно пласираниот тим на 11-ти Октомври од Прилеп.  

Борец 1919 на гостувањето во Миравци ја победи претпоследната екипа од табелата  Зорбас Победа  исто така со 3:0. 

По 13 кола најдобар пласман има најстариот лигаш Борец 1919 кој е трет со  29 бода и гол разлика од +31.  Превалец и Гемиџии се соседи петти и шести со по 23 бода. Есенски првак е  Кожуф од Гевгелија со уверливо водство од 36 бода, пред Победа Валандово со 29 бодови.  Првенството продолжува напролет.  Во повисок ранг  на натпреварување во Втора лига, се пласираат трите  екипи

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати