Со ратификацијата на Преспанскиот договор доаѓа време на мир, просперитет и пријателство, кажа Заев

Петар Печков

Премиерот Заев по враќањето од Давос, а по ратификацијата на Преспанскиот договор во Грчкиот парламент, од трибина во Велес,  се обрати до граѓаните на Македонија дека донесена е сериозна одлуки за иднината на нашите деца и идните генерации.

Рече дека граѓаните можат да бидете горди,  бидејќи ова  е генерација која ставила крај на  една епизода од незавршениот филм на Балканот. 

Со прифаќањето на  и спроведувањето на одредбите на договорот од Преспа победници се граѓаните од двете земји но и граѓаните од   регионот. Победници се и  противниците бидејќи и за нив доаѓа време на мир, просперитет и пријателство. Му честитам на мојот пријател Ципарс, на членовите на парламентите на двете земји на сите храбри  жени и мажи кои избраа да го дадат својот  глас со кој победи иднината, со кој се стави крај на стравот кој ни ги прикажуваа. Разрешивме спор кој ни ги кажува како нерешлив. Секоја страна треба да даде нешто за секој да добие многу, многу повеќе за  возврат од тоа што го два. Сега имаме верификувано  суштинско пријателство. Сега тргнуваме со уште поголема сила да ги зближуваме граѓаните , народите на двете земји. Иднината нема да ја гледаме како фатална судбина туку како  заеднички пат поплочен со пријателство произлезено од Европското семејство. Храбрите граѓани избраа да ги отфрлат сеништата од минатото  и да дадат можност на иднината од која остваруваат сигурност и политичка стабилност. Добро е што од другата страна имавме демократски пријател  - рече премиерот Зоран Заев.

Тој во неговото обраќање повеќе пати со спомена грчкиот колега премиерот Ципрас секогаш со додавка ,,мојот пријател,,. 

Македонија нема повеќе отворени прашања, ги затворивме сите со европски однос и практикувавме европски вредности.  Покажавме дека во Македонија живеат граѓани со европски  вредности и заслужуваме место во ЕУ и НАТО - порача Заев.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати