Со реми фудбалерките на Борец ја завршија сезоната

Петар Печков

Во последното 26-то коло на Првата фудбалска лига, фудбалерките на Борец, на Градски дома одиграа без голови, 0:0 со екипата на Љуботен, директниот конкурент за избегнување на претпоследното место. Така младата екипа на домаќинство го заврши првенството на 13 место од 14 екипи со 8 бодови, еден помалку од гостинките. Претходно во четвртокот играа уште еден натпревар во Македонска Каменица, каде загубија со 7:0 од екипата на Саса.

Јуниорската екипа на ГРК Борец во последното коло до Супер лигата, во разигрувањето за опстанок загуби во Радовиш од истоимената екипа со  47:22 (24:9). Така без ниту еден бода велешани го завршија првенството во кое се судруваа со недостаток на финансии. И за да се избегне дисквалификација на клубот, парична казна и пауза од натпревари , велешани играа со јуниорите во друштвото на најквалитетните,  а од година ќе настапуваат во Прва лига. 

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати