Со сонцето се врати и загадувањето

Петар Печков

Последните   четири дена, откако се промeни времето на  подобро, се врати и загадувањето.  Така според мерните  инструменти на Министерството за животна средина  на 25 и 26-ти, понеделникот и вторникот во Велес, на   мерното место во Нова населба измерени  се  три пати повсиоки концентрации  на ПМ 10 честичките. 

Нив ги имало и два дена претходно со повисоки вредности од максимално дозволената концетрација,  но биле за неколку милиграма над 50 мг на м3.  Во последните два  дена  имало  и повисоки  концетрации на  чад, додека  сулфурдвеоксидот  бил  со пониски вредности. 

За надминување на загаденоста на воздухот локалната власт донесе неколку мерки, меѓу нив  и забрана за палење на опасен материјал на гуми, кабли, отпад, пластика за што за пријавување отвори телефоснки број  078 / 254 – 729. Потоа  регулирање на сообраќајот во градот, го промени времето за дистрибуција на стока во централното градско  подрачје. Владата пак наложи  да се бара локација каде да се засадува зеленило  во градот. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати