Со три гола на Адем, ФК Македонија ЃП го совлада ФК Борец во Ѓорче

Петар Печков

Со трите гола на Адем, два од пенал, домаќинот ФК Македонија ЃП го совлада велешки Борец, со 3:2.   Велешани поведоа со голот на Лука Трајкоски во 25-тата минута, а Ермедин Дема израмни во 41-та минута од пенал. Истиот фудбалер во 55-тата го доведе домаќинот во водство, повторно од пенал кое го анулираше  во 59-та минута младиот Трајкоски со неговиот втор гол. Победата за скопјани ја донесе Адем во 81 минута.   Во 22. минута од натпреварот ФК Борец  поради незгодна повреда, остана без    српскиот офанзивец Крста Ѓорѓевиќ, кој со амбулантно возило беше изнесен од теренот.

По ова петто коло ФК Борец остана на 10-тото место со четири бода. Поради репрезентативните обврски на селекцијата на Македонија, првенството продолжува на 12-ти септември а ФК Борец дома го пречекува последно пласираниот ФК Пелистер од Битола, кој има само еден бод.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати