Со грчки партнери се конкурира за европски пари, за кеј и осветлување на Спомен Костурницата

Петар Печков

Општина Велес со европски пари сака да гради кеј на реката Вардар и да ја осветли Спомен Костурницата. Минатата недела  завршил процесот на апликација  и локалната власт конкурира   со проекти  преку  Грција, за средства од   Европската програма ИПА ИНТЕРРЕГ за преку гранична соработка. Проектите се реализираат со соработка со градот  Лерин, збратимениот град Термаикос и  институции од Солун.

Конкуруравме со проект за изградба на кејот на река Вардар на потегот од мостот Гемиџии до Мало Мовче од десната страна, уредување на пешачка и велосипедска зона на кејот и поставување на седум  киоск продавници за традиционални производи и сувенири во висина од 490.000 евра. Потоа со проект за уредување на простор од над 700 м2 во објектот „Вила Зора“ за креирање на регионален гурмански центар во висина од 250.000 евра.  Проект за партерно, хортикултурно уредување и осветлување на Спомен Костурницата во Велес, апликант на проектот во висина 178.776 евра  е  Народниот музеј- Велес - изјави градоначалникот Аце Коцевски.

За овие три проекти Општина Велес од Буџетот обезбедува 15% од вкупната вредност на проектите како сопствено учество,  кои по евентуалното одобрување во буџетот на општината треба да ги врати Министерството за локална самоуправа.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати