Спанаќот и марулата во велешко полни со тешки метали

Петар Печков

Испитувањата на Агенцијата за храна и ветеринарство покажуваат дека во велешко спанаќот и марулата имаат високи вредности на тешки метали -кадмиум и олово. И тоа според резулатите на АХВ кај една моста на марулата е констатирано присуство на кадмиум од 0,368 мг/кг што е за далеку повеќе од максимално дозволените вредности од 0,050 мг/кг. Во примерок од спанаќ е констатирано присуство на кадмиум од  0,373 мг/кг а во друг примерок имало и кадиум  од   0.645 мг /кг и олово 0.360 мг/кг. Максимално дозволена вредност на оловото во спанаќот и марулата е 0,3 мг/кг.

Вредностите на присутсво на кадимиум се далеку повисоки  за десетина пати. Ова се вредности пронајдени во испитувањата во 2018-та година. Во 2017-та било констатирано присуство на кадмиум во спанаќот со  0.574 мк/кг.

Мострите на овие зеленчуци се земаат од зелените пазари, па од АХВ не можат да кажат во кои делови од велешко се одгледуваат спанаќ и марула со така високи концентрации на тешки метали, кои се опасни по здравјето на луѓето. 

Како најголем производител на млад кромид, во земјава, кој завршува на трпезите на Балканот, кај него во испитувањето двете години,  не се пронајдени високи концентрации на тешки метали. Ниту кај грозјето. 

Неспорно, тешките метали се оставина од тридецениската работа на Топилницата. Но и по 15 години од нејзиното затворање, последиците не се отстранети. Екологистите потсетуваат дека со години бараат деконтаминација на почвата во градот и неговата околина. 

 Зелената храна  одгледана во  одредени делови на велешко не треба да се консумира и жално е што досега не е извршена деконтаминација на почвата, со цел да се овозможи производство на здрава храна. Тоа ќе има позитивно еколошко, здравствено и социјално влијание врз жителите на Велес.  ЕД Вила Зора веќе 15 години бара да се реши проблемот со историското загадување на градот и околината и моментално работи на градење Стратегија за негово решавање. Очекуваме конечно поддршка од надлежните институции кои се најодговорни за решавање на овој проблем - рече екологистот Ненад Коциќ, сега член на Советот на Општина Велес. 

Мониторингот на тешки метали во АХВ се врши со лабораториско тестирање на мостри од  региони во кои, согласно анализата на Министерството за животна средина и просторно планирање, има најголема концентрација на тешки метали во почвата.

Со Програмата за мониторинг на безбедноста на храната за 2019 година  Агенцијата ќе  продолжи со  мониторирање на присуство на тешките метали во храната, зеленчукот и овошјето. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

  • да
  • не
Резултати