Споменикот на Ататурк ќе се постави во паркот Каршијака

Петар Печков

Споменикот на таткото на модерна Турција во знак на пријателство со граѓаните на Каршијака и Репубика Турција ќе биде поставен во паркот Каршијака, веднаш до Ликовниот салон. Споменикот е висок три метри. Со ова е потврдена претходната  одлука на локалната валст, каде да стои овој споменик, донација од Каршијака. 

Градоначалникот Аце Коцевски и двајца уметници од градот, Живко Пренџов и Илчо Стојановски, разгледувајќи ги можните локации се одлучиле да биде поставен во паркот до Ликовниот салон. Споменикот е подарок од братската Општина Каршијака од Турција и беше предвидено да биде поставен во овој парк, но неколку години стоеше во депо во Против пожарната единица. 

На последната седница на Советот на Општина Велес, на прашање од  Пандорка Лазаровска Прличкова- до каде е состојбата со споменикот на Атарук кој  требаше да се постави во паркот Каршијака, Коцевски одговори:  

Неодамна дознав дека е во  пакети, на делови  во Противпожарната единица. Димензите биле преголеми за да биде поставен во паркот  Каршијака и се  надевам дека со турската заедница  во градот ќе најдеме соодветно решние. Атарурк е  значајно име  во светската историја и Велес треба да биде привелигиран да поседува таков споменик- рече Коцевски.  

Турците подоцна, откако поради големината на споменикот не беше поставуван, испратиле  и биста на Ататурк.    За возврат тие треба во овој град да постават споменик на Кочо Рацин.

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати