Ставот на пратениците во Парламентот, по најавите за отворање на цементарница во Превалец

Петар Печков

Каков е ставот на пратениците во републичкото собрание о дВелес, по однос на најавата на Техно Павер, во кругот на фабриката за вар да гради ценен трница. ТрМр ги паша Ненад Коциќ -СДСМ, Игор Здравковски ВМРО-ДПМНЕ  и Димитар Апасиев Левица,  за нивните ставови, кои ги донесуваме на јавноста.

Ненад Коциќ: „Секој може да најави инвестиција, но кога се работи за индустриски капацитет кој припаѓа на тешка и загадувачка индустрија, мора да се внимава на можноста да врши загадување на животната средина и нарушување на здравјето на луѓето. Техно Павер не покажа општествена одговорност во досегашната работа, така да најавата за нова инвестиција треба да се прифати крајно внимателно.  Велес е град паталец, така да не би требало да се прифати инвестиција која може дополнително да ја загадува животната средина“

Игор Здравковски: „Како и за се досега, така и за ова, информации за било какви активности не стасуваат до нас, иако сме голем чинител (или барем би требало да сме), но игнорантскиот однос на општината и институциите и односот спрема опозицијата  е недозволив посебно кога треба да се решаваат прашања од општ интерес за градот.
Велес низ годините видел многу мака од загадувањето и како последица од тоа се уште имаме трауми, а сите болести кои се јавуваат потсвесно ги поврзуваме со нездравата животна средина. Било каква инвестиција да се предвидува во нашиот град сметам дека треба да се отвори јавна дебата со засегнатите страни т.е инвеститорите, општината, политичките чинители и граѓанскиот сектор. Загадувањето и понатаму е проблем број 1 за велешани, посебно поради немањето гасификација која според Коцевски ќе започнеше 2018, поради немањето решенија за сообраќајниот хаос, поради немањето пречистителна станица, несменетите азбест цевки, Цинкарата на Брако, греењето на отпадоци, диви депонии итн.
Но, треба да се направи добра анализа за ризиците и придобивките од оваа инвестиција. И да сум на местото на Коцевски би ги повикал сите горенаведени на презентација и дебата каде би се донеле заклучоци и евентуални обврски од страна на инвеститорите“.

Димитар Апасиев:   „Категорично сме против отворање на индустриски капацитет во населено место. Такво нешто не смее да се дозволи и овозможи. Тоа е и во програмата на партијата Левица запишано.  Искуствата од таквите пракси во минатото се погубни по граѓаните. И со Топилницата во Велес но и со Цементарница во Скопје. Затоа категорично НЕ“

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати