Стеве Дечев нов претседател на ОО на ДОМ за Велес

Петар Печков

Денес  се одржа Изборното Собрание на Општинската Организација на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) - партија на Европските Зелени.  

За претседател на Општинската организација на ДОМ Велес е избран Стевче Дечев, за потпретседател Дарко Стојанов, за Секретар Лидија Митревска, додека за претседател на Младинската организација МОДОМ Велес е избран Филип Ајдаров, а за претседателка на Форумот на жени Велес, Весна Дуева.

Во Велес постојат 15-тина горливи еко проблеми, како проблемот со депонијата, загадувањето од каменоломите, еко хавариите од индустриски капацитети во Велес и Велешко, потребата од итно номинирање на државен и локален инспекторат за животна средина, санацијата на згурата од Топилницата која сме среќни што започна, неподносливиот мирис од фармите во близина на населените места. Потребата од масовно пошумување на велешкото Езеро Младост и околината на Велес,   се дел од предвидените фокус точки кои Зелениот Тим во Велес и кои ќе ги имаме високо во агендата на свое дејствување -изјави Дечев.

ОО на ДОМ Велес  најавува ќе даде свој конструктивен придонес и поддршка во заложбите на градоначалникот и Советот на Општина Велес во спроведувањето на проектот Смарт Езеро, велосипедска патека во градот, реконструирање на Градскиот Парк и други зелени површини, како и имплементација на Зелениот Европски Договор во локални рамки.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати