Стипендии за учениците од дуалните паралелки по 3,5 илјади денари месечно

Петар Печков

Околу две илјади  ученици од дуалните паралелки во средните стручни училишта од септември ќе добијат стипендија во висина од 3 500 денари месечно, најави министерката за образование и наука Мила Царовска. Од есен во средните училишта во земјава, ќе стартуваат 97 дуални паралелки.

Во Велес во две средни училишта има дуални паралелки, во Коле Неделковски, од есен во прва ќе има две , во втора и трета веќше учат по една и во Хемиското училиште од есен има две паралелки кои ќе почнат да образуваат кадри.

Дуалните паралелки  имаа пракса за учениците и образуваат кадри за однапред познати фирми. Но нема само месечен надоместок да добиваат  учениците од дуалните паралелки, најавува министерката.  

„Има стипендирање и за другите струки коишто не се дуални, а сепак се потребни, како машинска, електротехничка и таму се предвидени 200 стипендии од 2 200 денари за ученици, за да можеме и нив да ги мотивираме, да изберат средно стручно образование“ - најави министерката Царовска.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати