Стрип изложба на млади автори во Ликовен салон

Петар Печков

Вчеравечер во Ликовниот салон во Велес беше  отворена стрип изложба на млади автори.

На неа со свои дела  учествуваат четиринаесет основци и средношколци  од Велес, Куманово и Кавадарци.

Изложбата е дел од проектот „Стрип училиште- стрипот во интеркултурна едукативна мисија“ на Стрип- Центарот на Македонија од Велес.

Стрип делата беа создадени на дводневното стрип- училиште кое се одржа на  25 и 26 јуни, во Ученичкиот интернат во Велес. Таму  млади автори од разна етничка припадност од трите градови, твореа стрипови цртежи  на различни  теми.

Оваа изложба после   Велес, ќе патува  во Куманово и Кавадарци, градовите од  каде беа останатите учесници на стрип училиштето.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати