Судењето за убиството во Ореше, се бараат сведоците

Петар Печков

 Судењето за убиството во село Ореше, во Основен суд Велес  продолжува, ама тапка во место. Во отсуство на сведоците Златко Арсовски познат како заштитен сведок ,,Бреза,, и Вељо Арсовски,  обвинетиот  Ордан Ѓоргиевски го праша оштетениот,   Ацо Милошевски син на  убиениот Лазо, зошто молчи кога му го кажеле кој е убиецот и кој стои зад убиството.  

 Зошто не кажувате, што ви рече продавачка со селската продавница во Ореше кога таму се биле неодамна. Таа ви го кажала името на убиецот и кој стои зад убиството. За некое време јас ќе го кажам и ќе откријам се – рече Ордан Ѓоргиевски.   На прашањето  кратко одговори прозиваниот  Милошевски.

Во продавницата  бев кусо две минути, купив и заминав. Никој ништо не ми рече – Ацо Милошевски.  И покрај овој за одбраната нов момент, бранителот на браќата Ѓоргиевски не побара како сведок во процесот да се  појави продавачката која, според обвинетиот Ордан имала информација кој е  убиецот и кој стои зад делото. 

Убиството на    Лазо Милошевски (71 год)  се случи  на 2-ри декември 2005-та, во неговиот  дом во село Ореше, околу 20,40 ч. додека подготвувал вечера. Застрелан е од еден куршум, пукано е од околу 35 метри далечина, од дворот на соседите. Бил пронајден  мртов  утрото од страна  на соседите.  

Никој од нив ништо не видел, првите комшии  само слушнале истрели, што не ги изненадило, оти во селото често и беспотребно се пукало.  За обвинителството виновници се тројцата обвинети. Ѓоре Петровски како нарачател на убиството за сума од 20 илјади долари и како сторители браќата Ордан и Љупчо Горгиевски, кои му се внуци на застреланиот старец.

Велешката полиција против нив  поднесе кривична пријава на 4-ти ноември 2008-та. Од тогаш до денес Основниот суд во Велес донесе четири пресуди, три осудителни и една ослободителна.  Докажувањето на вината на тројцата обвинети трае  девет  години.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати