Татко и син повредени во сообраќајка на Штипско џаде

Петар Печков

Вчера попладне, вторник 3-ти јули околу 16.00 чaсот на регионалниот пат Велес –  Мамутчево во близина на м.в. „Штипска клучка“ се случила сообраќајна незгода, во која две лица, татко и син се повредени, таткото потешко за синот се вршат претраги какви повреди има.

Случена е сообраќајна незгода помеѓу камион  марка „Мерцедес Бенц“  со битолски регистарски броеви управувано од  Д. В.(26 год ) од село Сушево  - општина Василево и работна машина марка „Тома Винковиќ“ со велешки регистарски броеви управувана од возачот Д. А.(43 год)  на која бил и сопатникот С.А. (17 год) од Велес - информираа од СВР Велес.

По незгодата  пружена им е прва помош од страна на  Итна медицинска помош  па двајцата биле пренесени во ЈЗУ Општа болница - Велес. Портпаролот на ЈЗУ Општа Болница Велес Марина Андова инфомираше дека наД.А. се констатирани тешки телесни повреди скршеница на надколеница, бил опериран и се наоѓа на одделението за ортопедија, а С.А. е префрлен на клиниките во Скопје на томографско снимање по што ќе се знае натамошниот лекарски  третман. 

Екипа на СВР Велес извршила увид по што ќе се знаат причините за сообраќајката

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати