Театарски маратон во Велешкиот театар

Петар Печков

Во сабота, на 28 октомври, на двете сцени на Театар „Џинот“ Велес ќе се одржи театарски маратон со три хит претстави од репертоарот на театарот.

Маратонот ќе започне во 20 часот со изведба на претставата „Театар љубов моја“ од бугарскиот автор Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски во која настапуваат актерките Кица Ивковска, Зорица Панчиќ, Кети Борисовска и Талија Настова. „Театар љубов моја“ е претстава за четири актерки од четири различни генерации, четири различни биографии и сензибилитети на сцената.

Во 22.30 часот пак, ќе биде изведена претставата „Синиот портокал“ од британскиот автор Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, со актерите Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски. „Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, за застарените методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи. 

Во 01 часот по полноќ ќе биде изведена претставата „Шумата на моето дрво“ по текст на Сашо Димоски, во режија на Александар Ивановски, во која настапуваат актерот Васил Зафирчев и музичарот Сашко Костов. Претставата е ноќна одисеја низ стомакот на една шума која умира, на еден човек што се обидува да најде смисла во својот живот и во својот статус како туѓинец.

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com