Театарски фестивал Импакт, по шести пат во Велес

Петар Печков

По шести пат од недела до среда во Велес ќе се одржи Фестивал на алтернативен театар  ,,Импакт,, . Најавени се  шест претстави на пет театри,   кои ќе се прикажат во четири дена.  

Повеќето од претставите се независни институции, организации кои се бават со   истражувачки концепт во театар, кои на својот репертоар наоѓаат место за современ изведбен  театарски израз.  Нудиме  претстави кои се различни од тоа што велешката публика има можност и е навикната да го гледа.  Така создаваме простор за ново гледање, за развој на публиката . Годинава нудиме и новина детски претстави, кои се невообичаени за оваа возраст   – вели Александар Ивановски директор на фестивалот ,,Импакт,,.  

Фестивалот се отвора недела на пладне со две детски престави  на Наш мал театар  ,, Девојчето со  дрвото во портокалово кралство,, и ,,Заробена љубов,, со специфичен театарски израз – театар на сенки. Вечерта е ,,Будење на пролетта,, на  Битолскиот интимен театар.  За понеделник  е ,,Делириум тременс,, на копродукција меѓу    Театарската работилница од Прилеп и тамошниот театар, вторник е ,,Да го поздравиш и  ми го бациш,,   на Артопија Скопје и во среда за затворање е Кумановски театар со претставата ,, Жена од минатото,,. Сите се од македонска продукција.

Овој фестивал е замислен  да ја претстави независната македонска татарска  продукција. Изборот на програмата е со смели, радикални  претстави кои со својот израз се немирни, барат отклон од стандардите. Сакавме и на нашите меѓународни партнери, со кои сме во мрежа, да презентираме програма    со македонска  независна сцена. Од моето лично искуство, надвор од земјава нема многу информации   за случувањата на театарската сцена. Ова е можност некоја од претставите д а  биде забележана и отиде и се прикаже надвор – вели Ивановски.    

Фестивалот финансиски целосно  е поддржан од Фондацијата за култура ,,Алијанс,, од Берлин, долгогодишен партнер на ,,Импакт,,. Почетокот на претставите е во 20 ч. во велешки театар, освен   гостувањето на Артопија Скопје, кое  ќе се одржи во клубот ,,Тарантино,, каде секоја година наназад вообичаено се одржуваше дел од програмата на фестивалот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати