Тезгите ги скараа Којничани

Петар Печков

Откако на крајот на минатата година, беа отстранети тезгите на плоштад  Којник, има  реакција од група граѓани, за истите да се вратат. За потсетување претходно беа   отстранети по петиција  поднесена од група којничани, кои бараа тезгите да не бидат таму.  

Деновиве локалната власт добила контра петиција, со која друга група граѓани бараат истите да се вратат. Така три тезги, колку што  беа таму поставени, ги скараа жителите на  најопеаното маало во Велес, Којник. 

Ова е специфичен проблем. Бројот на потписи е поголем на тие што бараат да се вратат, отколку теи што бараа да се отстранат.   Проблемот го анализираме со СВР бидејќи има законски пречки да се дозволи продажба на тезги  на Којник. Тоа е јавен простор, коловоз а таму не може да се поставуваат тезги.  Тие што имаа тезги можат да продолжат да работат во околните куќи, нека изнајмат просторија, како пилјари, тоа е најдобро решение за сите - изјави градоначалникот на Велес Аце Коцевски. 

Од ЈКП Дервен претходно информираа дека сопствениците на  тезгите на Којник, не плаќале никаква давачка од 2012-та година, шест  години работеле а не  плаќале надомест.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати