Тоалети за учениците со ограничена мобилност во ОУ Васил Главинов

Петар Печков

Адаптирани се  две простории за тоалети за ученици од предметната настава  во ОУ Васил Главинов, кои имаат ограничена мобилност. Тоалетите се наоѓаат на првиот и вториот кат во десното крило на училишната зградата и се комплетно функционални и приспособени кон потребите на оваа група ученици.  Во оваа учебна година во ОУ „Васил Главинов“ настава посетуваат  15 ученици со церебрална парализа, аутизам, забавен психомоторен развој, селективен мутизам и интелектуална попреченост, оштетен вид и сл.

Општина Велес како инклузивна општина ќе продолжи да работи и понатаму во насока на подобрувањето на условите за овие ученици, со што значително ќе се олесни пристапот кон образованието, но и ќе се подобри квалитетот на живот на оваа ранлива група на граѓани. Учениците кои се вклучени во инклузивниот процес имаат право на подеднаква партиципација и интеракција во училиштето. Инклузијата во образованието подразбира целосно прилагодување на образовниот систем кон учениците, а не на учениците со посебни потреби кон образовниот систем -  велат од локалната власт. 

Во училиштето во меѓувреме  се заменија и постојните 15 дрвени врати, кои беа оставени на забот на времето со нова пвц столарија. Новите врати се значително пошироки, со што се обезбедува полесна пристапност на оваа група на ученици. Вредноста на зафатот изнесува околу 470.000 денари, а работите ги изведе  ГД „Изгрев инженеринг“ од Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати