Томислав Османли за „Парадоксикон“ добитник на Рациновото признание

Петар Печков

Рациновото признание за 2020-та година, за книгата „Парадоксикон“ во издание на „ВиГ зеница“ од Скопје. За наградата издавачите пријавиле 19 прозни книги а тричленото жиро, Катица, Ќулавкова, Гордана Јовиќ - Стојковска  и Трајче Кацаров, соопшти  дека немале дилеми околу добитникот на наградата.

Од тоа што го добивме како предлог за наградата, немавме дилема на која книга и кој автор да ја доделиме наградата, затоа што името  на Томислав Османли и неговата книга „Парадоксикон“ уште на првиот прочит се наметнаа како маркантно дело, во составот од предложените книги и автори.  Се издвојуваше како квалитет на книга и авторот во целина, имајќи го во предвид неговото целокупно творечко дело.   Предлог за наградата беа дела од релативно помлади автори, млада генерација а дел од нив  внесуваат иновации во македонската книжевност. Средиштето на книжевниот интерес на Османли е  прикажувањето на парадоксите на  нашата современа стварност кое карневалистички го претставува,  разобличува тоа што е противречна слика на општеството на животот - кажа академик д-р Катица Ќулавкова, образложувајќи ја одлуката на жирито.

Во потесниот круг за награди биле и „Шрапнел“ на Игор Анѓелков, „Класифицирано“ на Лилјана Пандева и Живко Гроздановски со „50 раскази“. Наградата Рациново признание на авторот ќе му биде врачена на 57-то издание од манифестацијата, која ќе се одржи петок и сабота.

Голема е возбудата за вака големо и високо признание.  Добитниците на Рациновото признание за мене биле сјајни ѕвезди на македонското книжевно небо. Ова е моја 28-ма книга, но  се надевам дека ќе продолжам да ги негувам традициите на двете сјајни вертикали, кои Рацин со своето дело и живот ги постави.   Тоа се вертикалата на македонскиот јазик, на кој говориме, пишуваме, комуницираме, сонуваме и пишуваме. Втората вертикала е интернационалистичката, космополитската  димензија која Рацин ја донесе со неговата поезија. Нашиот македонски јазик знае често да биде предмет на напади, на негација, на релативизација,  од некои преживеани структури во блиските средини, кои се прават несреќни, како што сме сведоци,  затоа сме тука да го одбраниме со нашето творештво, со почитта кон родоначалниците. Еден од нив е и Кочо Рацин  - рече добитникот Османли.    

Беседата за Рацин, на отворањето на 57-ти Рацинови средби, петок навечер, ќе ја одржи Васил Тоциновски.  

На манифестацијата ќе се одржи меѓународна научна конференција на две теми  „75 години современ македонски јазик, азбука и правопис“ и „Јазикот и стилот во творештвото на Горан Стефановски“, кои се во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“.  Ќе има и поетски меѓународен митинг со учество македонски  и на странски автори, некои ќе бидат присутни физички, други преку видео читање. Ќе бидат врачени  наградите, ќе има   промоција на книги, поетски перформанс  на велешките актери. Сите настани ќе се одржат согласно протоколите за заштита од ковид-19  - кажа градоначалникот Аце Коцевски.

На двете вечери предвидени се и настапи, мини концерти  првата вечер на групата „Синтезис“ а на втората на велешкиот камерен оркестар „Ангел Шурев“. Добитници за Почесното Рациново признание се професор  д-р Виктор Фридман од Чикаго, САД и професор  д-р  Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска. Манифестација ќе се одржи на отворено во Амфитеатар од Младинскиот парк а научниот симпозиум во велешки театар.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати