Тополка е матна од фабриката за вар кај Превалец

Петар Печков

Резултатите од земените примероци на вода од заматувањето на реката Тополка  и помалиот помор на риби, покажале висока матност која е од Варницата Превалец, објавија од Државниот инспекторат за животна средина.

Побелувањето на реката Тополка, во нејзиниот долен дел се случи на   4-ти октомври,  и тоа после испусниот канал на фабриката за вар се до вливот во реката Вардар, близу Велес.  Имаше умрени примероци  на риба од видот   еѓупка, амур,кркушка.

Вредностите покажуваат  висока  матност и  тоа  над дозволените вредности. Поради тоа   усно изречената мерка за забрана за работа на Каменолом и варница Превалец-Технопавер е продолжена,  сега  и писмено - изјавија од Државниот инспекторат за животна средина.

Анализата  на мостри од вода земена од водата Тополка беше испитана од страна на акредитираната лабораторија  на Центарот за јавно здравје Велес. 

При увидот извршен критичниот ден  4-ти октомври, од страна на  Државниот инспекторат за животна средина,  беше констатирано е дека има угинати риби на вливот на реката Тополка во Вардар и заматеност на водата со белузлава боја.

Направен беше надзор на речното корито под правниот субјект каменолом и варница Превалец-Технопавер и констатирано  дека водата над мостот кај населбата Превалец е чиста и нема угинати риби.

Претходно и на 28-ми август се случи сличен еко –инцидент на реката Тополка.  По изречената забрана за работа од 4-ти октомври сите овие денови реката Тополка  ја има природната боја,  на чиста и  проѕирана планинска река, која  не е офарбана.

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com