Тошковски за случајот на убиството на Росица, МВР поднело кривична, но дали е побаран притвор и дали е одредена таа мерка

Петар Печков

Откако јавноста во Македонија покажува силна загриженост по убиството на Росица Коцева од Велес (31 год) и нејзиниот татко Кире Коцев (74 гдо), и  баарњата за оствка на министерот  за внатрешни работи Панче Тошковски и ракводството на СВР Велес, Тошпковски при гостување на Сител телевизија, кажа дека се лаже и се манипулира со јавноста.

„Кој во оваа држава изрекува мерка притвор, и кој во оваа држава изрекува мерка затвор односно казна затвор? Кој во оваа држава согласно закон може да предложи мерка притвор, кој во оваа држава единствено може да поднесе обвинение? На првото прашање одговорот е единствено судот може да определи мерка притвор, на второто прашање единствено обвинителство може да предложи мерка притвор. Во оваа ситуација, јас не велам дека имало или немало вина и во рамки на постапувањето на МВР. Има внатрешна контрола, ќе покаже истрагата дали Министерството затаило или не затаило, ама срамно е да се лаже јавноста и да се манипулира Тошковски е крив. Зошто? Зошто судот досудил условна осуда. Зошто е Тошковски крив? Заради тоа што јавното обвинителство не побарало притвор“ –  рече Тошковски. 

Според него, треба да се постават други прашања дали за овој тип кривични дела треба да има построги санкции, дали треба поинаку да се процесуираат во рамки на ЗКП.

За најавата дека утре ќе има протести пред МВР во врска со фемицидот во Велес и други убиства на жени, министерот за внатрешни работи рече дека не го оспорува правото на протест, но оти се знае кој е суд во државата, а кој обвинител. Tошковски потенцира дека МВР поднело кривична пријава за сторителот.

Од Хелсиншки Комитет повикаа на протест утре, четврток, пред МВР и паркот жена борец. „Ниту една повеќе“ е слоганот под кој од организацијата утре ќе протестира како што велат во повикот против колективниот крах на системот и игнорантниот однос на надлежните. 

„Ве повикуваме да кажеме јавно и гласно дека насилството врз жените и фемицидите се неприфатливи! Ве повикуваме колективно да ги обжалиме сите девојки и жени кои изминативе години беа убиени од страна на поранешни или сегашни интимни партнери, зашто институциите и заедницата ги игнорирале нивните повици за помош. Ве повикуваме да излеземе на улица – онаму каде што насилниците слободно чекорат и просперираат, додека жените се плашат за своите животи!

Од Хелсиншки велат фемицидите стануваат се побројни во нашето општество поради непостапувањето на полицијата, обвинителството, судовите и центрите за социјална работа  а жртви се цели семејства. И покрај тоа што пред две години беа направени законски измени и за прв пат беше дефиниран и криминализиран фемицидот, најновиот случај покажува дека законската рамка не е доволна доколку ефикасно не се применува во пракса.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати