Трагедија во Велес, изгореа три деца (фото)

Петар Печков

Попладнево во пожар, кој го зафати домот на велешко семејство изгореа три деца. Тие во критичните моменти биле дома сами, додека родителите биле заминати да купат јадење. Огнот според соседите бил виден околу 15,30ч. по што била повикана пожарна и лекарска екипа.   На лице место беше дежурен обвинител, Аделина Станинова, која кратко рече ,,има пожар во кој се настрадани три деца,, а повеќе информации најави за утре.   

Екипата на пожарникарите била на лице место во 16.05, огнот е локализиран во 18ч.  Кога стигнале кровот, гредите паднале  а имало силен пламен.  По локализирањето го пребарувавме просторот за да ги пронајдеме децата, баравме по околината да не побегнале, за жал беа внатре. Дали вратата  била заклучена и зошто, ќе каже истрагата - изјави Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес. 

Поради специфичниот терен тие интервенирале со две  помали возила.   Набргу по пожарникарите дошла и лекарската екипа. 

На местото на настанот бевме во 16,10ч. пожарот  беше толку голем, гореа греди од таванот и се беше  во пламен. Таткото се обидуваше да влезе но не можеше поради опасноста по него. Откако пожарникарите го локализираа во куќата пронајдовме три јагленосани тела на деца, две девојчиња на една и пет години и едно машко на две години. Сите беа во различни делови од куќата  - рече д-р Тања Сарагинов доктор од Итната помош која била повикана да помогне, но за жал помош не можела да даде. 

Соседите  кои од куќата на ова семејство се оддалечени неколку стотина метри, не знаеја многу за настанот. Кажаа дека семејството се прехранувало со собирање на отпад и пластика, во куќата нема струја, вода и се наоѓа во шума под ридот Вршник, и до неа се стигнува  по непристапен пат. 

благодарност за фотографиите за Оливер Велјановски

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати