Тренерот на ФК Борец Михајлов верува дека клубот ќе остане во Првата лига

Петар Печков

Недела на стадионот во Чаир, со гостувањето кај ФК Шкупи,  за фудбалерите на ФК Борец 1919 продолжува првенството на Првата фудбалска лига.  Велешани ги реализираа зимските  подготовките, дел  на Градски во Велес, дел во Грција, во  спортскиот центар Атепмон, во гратчето Галикос. 

Спортската јавност, навивачите очекуваат Борец да успее да остане, бидејќи е осми од десет екипи, со 20 бода, еден повеќе од претпоследната ФК Ренова и  пет од последниот ФК Работнички.  Тренерот на ФК Борец 1919, Горазд Михајлов е оптимист,  верува дека  клубот ќе остане. 

Сите ние во клубот, од играчите, стручниот штаб, раководството, потоа навивачите веруваме во таа мисија. Се знае дека ќе биде тешко, напролет секогаш потешко се освојуваат бодови. Сепак ние сме максимално подготвени за сите предизвици што не очекуваат во следните 18 кола. Знаеме каде бевме добри есеноска, знаеме каде бевме  лоши. Направени се анализи, знаеме колку вредиме и еве, тргнуваме во таа мисија - кажа Михајлов во разговор за Спорт медија.

За подготовките кои се реализираа дел во Велес, дел во Грција, тренерот смета дека се успешно одработени.  

Можам да кажам дека се она што беше зацртано во мојот план пред стартот на подготовките е остварено. Сметам дека максимално подготвени сме за тоа што не очекува. Мислам дека добро сме екипирани, но дали е така ќе се види на теренот, на натпреварите во пролетниот дел  -додава Михајлов.    

Во  зимскиот преоден рок клубот има промени во играчкиот кадар,  некои си  заминаа, дојдоа Фернандо Силва, Радовиќ, Ристевски, Десниќ, Анастасов, Јоциќ. За првиот клуб на 18 години прв професионален договор потпиша младинецот од  сопствениот подмладок, Џемаил Ибрахимовиќ.   

Поврзани »

Роденденски попусти во dm во Велес!

Со попуст од 15 проценти на АПСОЛУТНО СÉ, па дури и на веќе намалени производи, dm дрогеријата во Велес ќе го прослави својот 5 роденден. Детали

РОНТИС вработува техничар за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

  • да
  • не
Резултати