Третирани стотина бездомни кучиња од улица, 39 велешани каснати

Петар Печков

Се намалува бројот на напади на кучиња врз велешани. Според бројките со кои располага локална власт, има намалување во доспеаните пријави до Општина Велес, како резултат за барање на  надомест од страна на оштетените граѓани.

Изминатите два месеци, септември и октомври,  има далеку помал број на граѓани кои се каснати од куче и бараат надомест  со спогодба  - изјави градоначалникот Аце Коцевски. 

Согласно Планот и Програмата за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Велес во 2018 година, а врз основа на Договорот помеѓу локалната власт  и Пансионот за кучиња ГИОВСКИ ТИМ, од општината информираа дека  досега  од март до септември,  има третирано 100 кучиња скитници на територијата на Општина Велес. По целокупниот третман кучињата се вратени на местото на заловувањето согласно законските прописи. Од заловените кучиња 25 се вдомени, 10 од нив се во Англија, само едно куче е еутанизирано и тоа поради болест.  Вкупниот број на каснати велешани, кои побрале лекарска помош од Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес  за десетте месеци од годинава е 39. За септември и октомври бројките се далеку помали, отколку претходните, по три за секој месец одделено. Или ако секој од нив бара надомест локалната власт годинава ќе плати најмалку 40 илјади евра од напади на кучиња на велешани. Нема податок колку кучиња скитници шетаат по велешки улици. Но затоа од Здружението за заштита на животните велат дека има кучиња кои се носат од други градови.

 Ги знаеме бездомните кучиња во градот, се грижиме за нив, ги храниме, лекуваме и тврдам дека има кучиња кои з а нас се непознати и се од друг град. Тоа што се зборува е точно, дека со комбиња од други градови се носат за Велес е така - вели Меги Ѓоргиева од Здружението ,,Гласот на животните,,.

Посочуваат пример на сограѓанин кој со автомобил ќе настрадал, откако комбе во движење пред него исфрлило десетина кучиња на клучката кај Штип и Скопје. 

loading...

Поврзани »

loading...

Акција за собирање на електронски и електричен отпад

По четврти пат Општина Велес, ЈКП Дервен и „Нула отпад“ - Скопје организираат Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема За таа цел, компанијата „Нула отпад“ од Скопје отпечати информативен леток кој е дистрибуиран од страна на ЈКП Дервен, со сметките за комунални услуги. Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com