Трет ден по ред во велешко повеќе оздравени, отколку ново заразени, почината уште една велешанка од последиците на ковид-19

Петар Печков

Трет ден по ред во велешко има повеќе оздравени отколку ново заразени, покажуваат бројките на Министерството за здравство. Изминатите 24 часа има 40 пациенти оздравено  од ковид-19  и регистрирано три  нови случаи, во ден недела, кога не работата државните лабаратории за тестирање. Или бројката на активни случаи во велешко е 796 а досега се заразиле  5.010 лица.

„ Починатa е жена на 76 годишна возраст од Велес, позитивна, лекувана на Инфективно одделение шест  дена и маж на 68 години од Свети Николе позитивен лекуван во Модуларната Болница пет дена. На кислородна поддршка се 45 пациенти“– кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес. Досега во велешко починале 151 лице, од последиците на корона вирусот.

Во од кои 86 се потврдени позитивни, и по осум  сомнителни  и осум пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување На Инфективно одделение се  53, на Интерно седум, на Физикално десет и во Модуларна болница 32пациенти.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати