Трет ден протест на Заедничка Македонија во Велес (фото)

Петар Печков

Од споменикот на Панко Брашнар до споменикот на Кочо Рацин, во центарот на Велес и вечерва протест. Граѓани кои се залагаат за унитарна Македонија, за една земја, еден народ, еден јазик, протестираа.   Тие  сметаат дека на Македонија и се  подготвува двојазичност при  што освен македонскиот официјален јазик  би бил албанскиот. 

Овде сум за Македонија, да ја  сочуваме оваа унитарна Македонија. Ние децата бегалци, кои израснавме  во Унгарија., Романија,  највеќе ја чувствуваме потребата да се сочува унитарна Македонија. Овој собира на  овој народ е таа корекција да  кажеме сакаме унитарна Македонија  -  порача Бошко Божинов претседател на здружението на Македонците од Егејска Македонија ,,Ѕвезда,,  

Тој зборуваше пред споменикот на   Панко Брашнар во Нова населба, додека во центарот на Велес, пред народот кој ја одеше до споменикот на Кочо Рацин, се обрати актерот  Жарко Спасески.

Секој ден се собираме во се поголем број, за да  им покажеме на тие што имаат намера  одново и одново, да не  делат и си погруваат со нашиот мир и иднина.  Се собравме да кажеме дека тоа нема да го дозволиме.  Ова е наша земја, една и единствена, немаме резервна земја, резервен  живот и резервна иднина. Затоа ја повикувам пред се мојата генерација да си ја чуваме својата земја како своето достоинство,  бидејќи човек без земја и достоинство  не е граѓанин на светот туку кираџија во својата кожа -  говореше  Спасовски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати