Тринаесет години затвор за Тони Манџа за разбојништво во казино во Гевгелија

Петар Печков

Тони Кечев ( 40 год)  од Гевгелија,  викан Манџа доби казна затвор од  13 години за две кривни дела ,,разбојништво,, и  за ,,недозволено држење огнено оружје,,.  За првото дело доби 10 години а за второто четири, или единствена од 13 години затвор.

Петочлениот судски совет  при Основен суд Велес, со кој претседаваше судијата Бојанчо Донев го прогласи за виновен Кечев за настанот  кој се случи  на 9-ти јануари годинава во Гевгелија, во електронското казино ,,Магнум,, кога под закана по живот на вработените, со пушка која нелегално ја поседувал извршил разбојништво. 

Според обвинението Кечев, маскиран со шал преку  лицето, од задниот спореден влез влегол во казиното, потоа ја вперил пушката кон касиерот кој бил на работно место,  давајќи му знак со оружјето да се оддалечи. Касиерот исплашен по својот живот од ваквата закана, ја послушал наредбата и го напуштил просторот. Тогаш обвинетиот ги одзел парите кои се наоѓале во касата во вкупен износ од 207 илјади  денари и го напуштил казиното.

Судот одлуката да го прогласи виновен Кечев ја темели на биолошките докази, ДНК  најдена на ловечката пушка, марка чешка збројевка а која се поклопува со таа на обвинетиот.  Пушката  е најдена во вреќа  утрото кога бил уапсен на 22 февруари при бегство по нивите во околината на Мрзенци.

Оваа пушка двајцата сведоци од разбојништвото ја препознаа дека со неа маскираниот разбојник,  им се заканувал. Згора на тоа  со исто такво оружје, обвинетиот е снимен, како маскиран врши тешка кражба во маркет во Негорци а пресудата за тоа  дело е правосилна.  Кечев не признава дека тој е сторител.

Пиштол сум имал, но пушка никогаш. Жртва сум на монтиран случај. Пушка и патроните на кои има мои отисоци, прв пат ги видов во полициската станица, кога ме уапсија и ми ги дадоа да ги држам, затоа има моја ДНК.  Отсекогаш сум бил десна рака на полицијата и сум помагал.  Направив беља, убив човек, но сфатив дека згрешив и се сменив, сега сум  мирен, дваесет години поминав во затвор досега и се сменив - рече во своја одбрана Кечев.  Оваа пресуда не е правосилна.

Истовремено во Основен суд Гевгелија на  Кечев му се судеше за продолжени кривично дело ,,тешка кражба,, при што според обвинението  извел  четири кражби во  два стана и два  маркети,  за што доби две и пол години завор. Оваа пресуда е правосилна и извршна. 

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

  • да
  • не
  • можеше и подобро
Резултати