Три години Градскиот Базен се користел без плаќање закуп

Петар Печков

Градскиот Базен е во лоша состојба а за неговото користење, со години не се плаќало закуп. Поради аво градоначалникот Аце Коцевски најави дека ќе биде раскинат договорот. Но и  ќе се испитува дали овој рекреативен објект може налето да прими капачи и   да работи.  Општината од закупецот побарува 40 илјади  евра. 

Од 2015-та до 2018- та, до денес  Општината   не добила закупнина со субјектот со кој е  склучен договорот, освен 130 илјади денари кои  се платени лани а се однесуваат за 2015-та година. Закупецот не плаќал со години а општината не го раскинувала договорот.  Вкупниот долг е  2,4 милиони денари  па и да се активира хипотеката, општината не би се израмнила. Зошто не е реагирано толку години и се трупал долг не  знам. Состојбата со Базенот е толку лоша, што  таму сега е не е безбедно  да се склучи догвор со друг субјект и  да му се даде да го стопанисува. Дилема е дали велешани да имаат  летово базен за рекреација  со можност да се  случи  хаварија со тешко повредени, затоа ќе правиме целосна анализа за состојбата таму и за партерното уредување и за коритото. Потоа ќе одлучиме дали ќе го санираме до почетокот на пливачката сезона. Ако е можно ќе се изнајми на друг.  Ако постои опасност по капачите, ако е голем дефектот, годинава може и да паузира, за  да се санира.  Дадов налог да се раскине договорот а ќе го изнајмиме само ако биде безебден за капачите - рече Коцески.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати