Три илјади жители од населбата Горно Оризари десетина дена без вода

Петар Печков

Десетина дена, жителите на велешката приградска населба Горно Оризари се жалат, дека немаат вода за пиење. Реагираат дека  околу три илјади луѓе се без елементарни услови за живеење.  На овие 40 во сенка, тие мораат да се снаоѓаат како умеат и знаат и да се освежуваат во сопствената пот. 

Ова што се случува  во населбата е елементарна непогода. Во текот на Бајрамските празнувања немавме вода, продолжуваме и сега.   Основната потреба вода да ја нема е страшно. Ќе добиеме некоја заразна болест,  за децата пред се тешко се  одржува хигиена , Како се живее на овие тропски температури без вода, во 21 век  само ние знаеме – велат жителите на  населбата.  

Градоначалникот на Општина Велес, потврдува дека населбата  и  жителите  се судруваат со овој проблем, но дека работат тој да се отстрани, дека водата по празникот дошла а  со проект Горно Оризари да добие за подолг  период квалитетна  вода за пиење. 

Имаше два сериозни дефекти на водоводната мрежа која од филтерната станица води преку   Превалец до  Горно Оризари . Тоа беа огромни дефекти. Но  има и нешто  карактеристично за населбата. Од септември до  јуни, пумпите работат по 8 часа на ден и ги задоволуваат потребите  на жителите.   Сега работа по 24  часа на ден и има  проблем. Што ќе рече дека водата се користи  за полевање.  За празникот испративме екипи таму и наеднаш дојде водата.  Точно дека водоводната линија е проблематична.  Работиме проект кој е в реден 14 милиони денари и со кој ќе се реши проблемот. Ако не  се сработи градоначалникот и жителите ќе го повикаат Министерот на одговорност – рече градоначалникот Чадиев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати