Три камиони за собирање смет на ЈКП Дервен се расипаа, ѓубрето остана на улица

Петар Печков

 Во текот на вчерашниот ден три камиони на ЈКП Дервен, кои собираат смет во Велес се расипале. Тоа е причината поради која сметот во одделни делови на градот не е собран. Денес  имаше повеќе реакции од велешани, кои  се жалат што иако според распоредот требало да се собере, сметот  е во контејнерите и на улица. Од претпријатието  им се извинуваат на граѓаните за ненавременото обезбедување на услугата, и уверуваат  дека  се вложат напори за брзо но и трајно надминување на проблемот.

Недостатокот од инвестиции во обнова на возниот парк на комуналното претпријатие што се случуваше во изминативе десетина години го доведе до ситуација да не сме во состојба редовно да извршува дел од услугите спрема корисниците, за собирањето смет од домаќинствата. Во текот на вчерашниот ден се расипаа три камиони што го отежна работењето - изјавија од ЈКП Дервен, објаснувајќи зошто има застој во собирањето на сметот.  

Колку е драматична ситуацијата говори и тоа што помош се побарало од Општина Чашка, од каде е добиено возило, кое овие денови треба да помага во собирањето на сметот во Велес.  За ова од ЈКП Дервен изразуваа голема благодарност до градоначалникот Горан Стојановски, кои излегол во пресрет, за надминување на проблемот.   

Претпријатието во моментов располага со 9 автосмеќари, од кои функционираат само 2, и тоа оние со најмала запремнина – од 4м2, потоа 3 автоподигачи, од кои функционираат само 2, и 6 трактори, од кои функционираат 4. Поради немањето возила за собирање на смет во текот на изминатата ноќ (24.04.2019), односно неможноста да се испразнат контејнерите од 1,1м3  (постоечките функционални возила на претпријатието се преголеми за да пристапат во тесните градски улици), претпријатието денеска побара помош од соседните општини. Општина Чашка излезе во пресрет и обезбеди возило за ЈКП Дервен да може денеска во попладневните часови да го собере сметот од потесните улици - додаваат од ЈКП Дервен. 

Во претпријатието се работи на поправка и оспособување на возилата, по што ќе се нормализира собирањето на сметот од домаќинствата.  Со цел да се отстрани проблемот, а не привремено да се реши, новото раководство на ЈКП Дервен  најавува  набавка на нови возила за собирање на смет за обнова на занемарениот возен парк и тоа  да биде приоритет за периодот што следува. Тие изминатите 15 месеци во ЈКП Дервен  набави еден камион смеќар со запремнина од 24 м3 и два трактори со приколка и запремнина од 4 м32 смет.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати